Тачи: Разговорите со Али Ахмети пропаднаа
- Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, денеска објави дека разговорите со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пропаднале.
Дебар, 15 август 2025 (МИА) - Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, денеска објави дека разговорите со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пропаднале.
- Во недела верувам дека Собранието на партијата ќе донесе конкретни заклучоци за иднината. Со жалење можам да заклучам дека разговорите со Али Ахмети не успеаја, изјавил Тачи.
Како што објавија медиумите на албански јазик, Тачи додал дека органите на партијата ќе го одредат следниот чекор.
ДПА беше дел од коалицијата „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ. вт/дма/
Фото: МИА архива