Тампа го освои Стенли купот
- Хокеарите на Тампа ноќеска, во петтиот натпревар од финалето на Стенли купот го совлада Монтреал со 1:0 и со вкупни 4-1 во победи го освоија шампионскиот трофеј.
Тампа, 8 јули 2021 (МИА) – Хокеарите на Тампа ноќеска, во петтиот натпревар од финалето на Стенли купот го совлада Монтреал со 1:0 и со вкупни 4-1 во победи го освоија шампионскиот трофеј.
Ова е трета шампионска титула во историјата на клубот. Претходно, „молњата“ победи во 2004 и 2020 година.
Тампа е вториот тим што го освои Стенли купот двапати по ред за време на ерата на ограничување на платите (од 2005/06). Претходно, тоа му успеа на Питсбург (2016 и 2017 година).
На патот до трофејот, во плејофот, Тампа ги победи Флорида (4-2 во победи), Каролина (4-1) и Ајлендерс (4-3). зс/