Брзо, вкусно и лесно..
Состојки:
- 1 литар претходно сварена супа од месо или од кесичка
- 100 грама брокула
- 1 јајце
- 30 грама презла
- 1 лажица брашно
- 1 лажичка сув зеленчук
Подготовка:
Измијте ја брокулата, одделете ја на помали цветчиња и исечете ја на парчиња, ставете ги во тенџере исполнето со вода и сол. Оставете да зоврие, а потоа варете 5 минути. Процедете ги, а водата зачувајте ја . Оставете ги добро да се исцедат, во случај да не ги исцедите добро кнедлите ќе се распаднат. Ставете го јајцето со исцедената брокула во блендер и направете сос. Во посебен сад измешајте ги лебните трошки, брашното и зеленчукот, додадете ја смесата од брокула и добро измешајте сè.Ставете го тенџерето со вода во кое се вареше брокулата повторно на шпоретот, оставете да зоврие, потоа намалете ја температурата, само оставете да зоврие полека, направете кнедли со раце и спуштете ги во водата и варете ги само една минута. Извадете ги сварените кнедли со решеткаста лажица. Истурете ја претходно загреаната супа во секоја чинија, додадете ги кнедлите и сервирајте.
Фото:Фрипик