• четврток, 04 јули 2024

Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Скопје, 29 јануари 2024 (МИА) – Судијката Даниела Димовска поради приватни причини денеска побара да биде изземена од Судечкиот совет во предметот „Титаник“. Претходно, таа побара изземање и од предметот Талир.

Станува збор за двата предмети што и беа распределени, а кои ги водеше судијата Осман Шабани, кој неодамна беше избран за судија во Апелационен суд Скопје.

Пред денешната расправа која беше одложена за 1 март, судијката посочи дека со еден од обвинетите била колешка додека работела во Собранието на Република Северна Македонија, а со друг, како што рече, се познавале од слави.

Предметот „Талир“ се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и беше отворен 2019 година и беше во доказна постапка, како и повторената постапка за случајот „Титаник“  кој започна во 2018 година.

Поради смената на Судечкиот совет двата предмети сега ќе треба да започнат од почеток. ар/аа/
Фото: МИА архива 

Остани поврзан