• понеделник, 23 декември 2024

Судењето за организаторите за 27 април одложено за 26 април

Судењето за организаторите за 27 април одложено за 26 април
Скопје, 1 април 2021 (МИА) - Судњето за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година се одложува за 26 април, поради позитивен Ковид тест на дел од судечкиот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. - Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27 април 2017 – та година кои се случија во Собранието на Р.М., ја информираме јавноста дека денешната расправа како и сите расправи насрочени до 25.04.2021 година, се одлагаат со оглед да дел од членовите на судечкито совет се во изолација по добиен позитивен Ковид – тест, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд. Следната расправа е насрочена за 26 – ти април, а за евентуални промени во термините за расправа, Судот ќе ги информира странките и јавноста. аа/дма/

Остани поврзан