• понеделник, 18 ноември 2024

Студентски марш во Скопје

Студентски марш во Скопје
Скопје, 17 ноември 2022 (МИА) – Во центарот на Скопје вечерва се одржува студентски марш за обединето остварување на студентски права, во организација на универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“. Студентскиот марш, што почна пред зградата на Владата, се одржува по повод Меѓународниот ден на студентите. Учесниците на маршот од пред Владата ќе се упатат пред Министерството за обарзование и наука, каде ќе бидат повторени барања за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк, изедначување на стипендиите, дигитализација и подигнување на квалитетот на образование. -Целта на овој студентски марш е студентите да ги искажат своит барања и ставови јасно и гласно пред институциите. Ваквата пракса и овој студенстки марши би сакале да биде иницијална точка која ќе премине во традиција што ќе се применуваво наредните години и генерации после нас, изјави пред почетокот на маршот, Славчо Темелковски, претседател на УСС при УКИМ. На иницијатива на собранискиот Клуб за младински прашања и политики, во Собранието денеска се одржа средба на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири со студенти и пратеници на која беше претставен проектот на МОН вреден околу 20 милиони евра поддржан од Германската развојна банка. Министерот информираше дека според планот од почетокот на 2023 година ќе се реализира проектот за реновирање на студентските домови во државава и ќе стартува со „Стив Наумов“ во Скопје, каде е оценето дека условите се најлоши. Во организација на младинското движење „Студентски отпор“  пред три дена се одржа протест, а по кој беше постигнат договор да остане постојното решение за субвенциониран студентски оброк до наоѓање системско решение. Од Владата вчера порачаа дека се работи на сите прашања заради кои се повикува на протести и оти во најскоро време ќе има решенија. свс/лв/    

Остани поврзан