• недела, 22 декември 2024

Струмица по трет пат имаше градоначалник на еден ден

Струмица по трет пат имаше градоначалник на еден ден
Струмица, 22 септември 2022 (МИА) - Средношколецот Јанко Мицев денеска беше градоначалник на еден ден на Општина Струмица во рамки на истоимениот проект на локалната самоуправа со „Европската куќа“. Градоначалникот Костадин Костадинов денеска ја отстапи својата фотелја по трет пат, откако претходно оваа „функција“ ја извршуваа две ученички. -Денешното прво доброутро во мојот кабинет му го посакав на младото момче Јанко Мицев, ученик во втора година во СОУ „Никола Карев“, кој денеска е во улога на градоначалник на еден ден. Заедно ги извршуваме планираните градоначалнички обврски во кабинетот и надвор од него, но ќе ги слушам неговите забелешки и предлози за уште поголема соработка со младите и поуспешен развој на нашата Општина, објави струмичкиот градоначалник. Додаде дека „градоначалниците“ од редовите на младите ќе се менуваат, но целта секогаш останува иста-создавање подобра Струмица за сите, но и транспаретна, отчетна и голем пријател на младите. рт/дма/

Остани поврзан