• петок, 05 декември 2025

Стојкоски: Ќе изградиме катна гаража во Ѓорче Петров

Стојкоски: Ќе изградиме катна гаража во Ѓорче Петров

Скопје, 6 октомври 2025

Ѓорче Петров ја добива првата катна гаража! Токму овде, во срцето на Ѓорче на локација веднаш наспроти новата општинска зграда ќе ја изградиме првата катна гаража во Ѓорче Петров, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува во интегрална форма. 

Катната гаража ќе биде со капацитет од приближно 360 до 390 возила, ќе вклучува подземен паркинг кој ќе биде со големина од 1.800 метри квадратни и надземен паркинг со површина од 7.200 метри квадратни.

Дополнително, овој современ и урбан објект ќе поседува и деловен простор од 2.000 метри квадратни.

Се грижиме за ѓорчепетровци, наоѓаме решенија за проблемите коишто ги имаат. Искуството во изминатите четири години ни покажа дека можеме да најдеме трајни и одржливи решенија. Така ќе продолжиме и во наредниот мандат.

Направете го вистинскиот избор!


Линк од видео материјал:


https://www.youtube.com/watch?v=DsgA7WAFjlE

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан