• петок, 05 декември 2025

Стојкоски: Со механизација ќе се расчистуваат остатоците од кровот на зградата што падна во невремето во Ѓорче Петров, нема повредени лица

Стојкоски: Со механизација ќе се расчистуваат остатоците од кровот на зградата што падна во невремето во Ѓорче Петров, нема повредени лица

Скопје, 30 август 2025 (МИА) - Во невремето проследено со силен ветер во скопската Општина Ѓорче Петров, на улицата Македонска Војска падна кров од дваесетметарска зграда, под чии остатоци се заробени две возила.

Градоначалникот на Општината Александар Стојкоски во изјава за МИА вели дека механизацијата е на терен и се чека да заврши увидот, по што ќе започне расчистувањето на остатоците. Во овој дел од општината е исклучена и електричната енергија. Повредени лица нема, но има голема материјална штета.  

Екипи на општината се на терен и отстрануваат паднати дрвја во Паркот во Ѓорче Петров, во населбата Даме Груев, во Ново Село во потегот накај Мага Паркот и на други места.

Пријавени се исто така и пожари во Стопански Двор, којшто е изгаснат, како и во Волково. ев/ бк/

ФОТО: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан