• понеделник, 23 декември 2024

Стојкоски: Жителите на Орман и Никиштани добиваат пристапни патишта до обработливите површини

Стојкоски: Жителите на Орман и Никиштани добиваат пристапни патишта до обработливите површини
Скопје, 10 ноември 2021 (МИА) - Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски денеска беше во посета на две села во општината, Орман и Никиштани, каде се изведуваат два проекти за на жителите да им овозможуваат полесен пристап до обработливите површини за нив, во секој период од годината.

- Навистина не ми е тешко да газам по патот каде моите сограѓани газат секојдневно. Бев во Никиштани и Орман, две села кои имаат свои обележја. Тука, голем дел од нашите сограѓани се занимаваат со земјоделство. Ние како општина, ќе направиме се да им го олесниме процесот и да ги мотивираме! Затоа, се тампонираат пристапните патишта до обработливи површини во Никишатни и Орман! Веќе овој зимски период ќе биде полесен за пристапот до нивните ниви, без куп кал и шут. Секој заслужува внимание и помош, а ние правиме се што можеме за сето ова да стигне до секој жител на Ѓорче, објави на својот фејсбук-профил градоначалникот Стојкоски.

Тој посочи и дека Ѓорче се менува, што е слоган под кој настапува додека ги спроведува проектите низ општината

- Секој дел од нашата општина веќе се развива рамномерно.  И да, ова е почеток! А има да го направиме Ѓорче најубаво, за сите!, вели Стојкоски. фф/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан