• недела, 24 ноември 2024

Стојаноски: Систем од компании подолг период црпеле пари по основ на поврат на ДДВ со фиктивни фактури

Стојаноски: Систем од компании подолг период црпеле пари по основ на поврат на ДДВ со фиктивни фактури

Скопје, 14 јануари 2024

Систем од компании подолг период црпеле пари по основ на поврат на ДДВ со фиктивни фактури и го оштетиле Буџетот за милиони. 

Во мрежата од компании кои испумпале милиони често се менувале одговорни лица и сопственици. Во поголем број од случаите истите се лица кои што се од наши соседни земји и кои тешко се лоцираат

Буџетот е оштетен, а државата тешко без кривично гонење ќе може да ги поврати исплатените милиони, бидејќи компаниите преку кои се штанцани фиктивните фактури и се испупмани пари немаат имот за од истиот да се наплати долгот.

Со жалење констатираме дека системот на  контролен механизам во институциите е нефункционален, а тоа   го потврдуваат случаите   минатата година  процесуирани од обвинителство за фиктивно фактурирање и злоупотреба на службена положба.

Криминалните мрежи преку фиктивна документација како и фиктивни фактури и фиктивна евиденција, го исцрпуваат даночниот  потенцијал од Буџетот, а сведоци сме дека   државните институции кои се задолжени да го контролираат истото изминатите години немаат преземено никакви мерки.

Симптоматично е и тоа што до сега не се преземени дејствија со кои ваквите случаи ќе бидат спречени и условите за вакви криминални дејства ќе се доведат на минимум, а не сега кога веќе  се испумпани милиони по основ на поврат на данок од Буџетот со контролите да се покаже слика дека институциите делуваат на сузбивање на криминалните мрежи.

Прашање  е  уште колку   милиони од платени   даноци  од граѓаните се   исцрпени од криминални структури и зошто не се создадени системи кои ова ќе го спречат?

За познавачите на даночната политика е сосема јасно дека ваков систем неможел да функционира со или без УЈП. Челници од Управата или знаеле и молчеле за целиот случај или целосно го девастирале системот и немаат увид. Никогаш не било полошо. Затоа е важно да ги поразиме.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 Прес-конференција на Бојан Стојаноски, пратеник

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

 

Остани поврзан