Стојаноски: Ребалансот нуди решенија, повисоки плати, повисоки пензии, поголеми средства кои што се добиваат за капитални проекти
- СООПШТЕНИЕ - Ребалансот нуди решенија, нуди повисоки плати, повисоки пензии, поголеми средства кои што се добиваат за капитални проекти и решава многу проблеми на граѓаните.
Скопје, 10 јули 2025
Ребалансот нуди решенија, нуди повисоки плати, повисоки пензии, поголеми средства кои што се добиваат за капитални проекти и решава многу проблеми на граѓаните.
СДСМ побегна од дебата и ги повлече сите амандмани и покрај тоа што кога ги поднесува велеа дека тие се амандмани коишто треба да ги решат проблемите на граѓаните. СДСМ побегнаа од дебата поради три причини.
Првата е поради тоа што немаат аргументи коишто би ги соочиле со нас, пратениците од мнозинството.
Седум години овие луѓе коишто сега се пратеници, го управуваа системот и направија едно огромно ништо.
Втората работа, амандманите коишто ги поднесоа се доказ на погубните политики коишто овие луѓе ги водеа седум години во Република Македонија. Тоа се проблеми коишто беа наследени и по седум години овие луѓе коишто беа премиери, претседатели на Собранието и министри на министерства, не успеаја да решат ниту еден проблем.
Во соочувањето со аргументите ова стана јасно и веројатно затоа се одлучија да побегнат од дебата со пратениците на владејачкото мнозинство.
И третата причина за која што СДСМ избега од дебата за ребаланс на буџетот е бидејќи сите проблеми коишто беа преточени во амандмани, се проблеми коишто се во напредна фаза на нивно решавање.
Ова е обид за политиканство којшто беше пресретнат и за којшто ние дебатиравме за сите можни теми.
Ќе дебатираме и за двата комисиски амандмани коишто ги најавиле, бидејќи со задоволство и со чист образ, со гордо исправена глава можеме да кажеме дека токму во овој ребаланс се решаваат многу проблеми на граѓаните.
Жалиме што одлучија на ваков начин да ја завршат амандманската расправа, бидејќи ние бевме тука и бевме спремни да дебатираме за секој еден Амандман посебно.
Продолжуваме посветено да работиме за граѓаните на Република Македонија, продолжуваме уште повеќе да го креваме економскиот стандард, финансиски да ја стабилизираме државата и да работиме за доброто и на граѓаните, и на стопанството.
Интегрален текст од изјава за медиуми – Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.