• понеделник, 23 декември 2024

Стојаноски: Контролите констатирале голем број нерегуларности при јавни набавки на многу клини и здравствени домови

Стојаноски: Контролите констатирале голем број нерегуларности при јавни набавки на многу клини и здравствени домови

Скопје, 15 септември 2024 (МИА) – Од извршените целосни финансиски контроли во 24 Јавни здравствени установи, за 2023 година, кај 19 се утврдени неправилности во делот на контролата на спроведувањето на постапките за јавни набавки, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ.

На денешната прес-конфренција тој информираше дека контролите кои се спроведени од страна на институциите во Јавните здравствени установи и клиниките лоцирале повеќе неправилности.

- Контролите кои се спроведени од страна на институциите во ЈЗУ и клиниките ставаат на површина факти дека СДСМ и ДУИ во здравството гледале бизнис. Злоупотребувани се јавните набавки во ЈЗУ и клиниките. Покрај матните тендери на Филипче на централно ниво, за кои јавноста е запознаена, злоупотреби се правени низ поголемиот број на ЈЗУ, информираше тој.

Лоцираните неправилности кои ги наведе се во УК за максилофацијална хирургија – Скопје, Здравствен дом – Гостивар, Здравствен дом – Ресен, Здравствен дом – Струга, УК за урологија – Скопје, УИ за радиологија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Клиничка болница – Тетово, Здравствен дом – Делчево, Здравствен дом - Демир Хисар, Институт за јавно здравје – Скопје, Општа болница – Струга, Здравствен дом – Велес, Општа болница – Струмица, Општа болница со проширена дејност – Дебар, Центар за јавно здравје – Скопје, Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид, Здравствен дом - Пробиштип.

-Неправилностите во здравството, го метастазирале системот. Злоупотребите излегуваат на површина, одговорност ќе има, рече пратеникот. ар/ев/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан