• петок, 22 ноември 2024

Стојаноска: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесе предлог закон за викенди без ДДВ

Стојаноска: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесе предлог закон за викенди без ДДВ
Скопје, 1 ноември 2022 Ве известувам дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ во текот на денешниот ден ќе поднесе предлог закон за викенди без ДДВ до Собранието на Република Македонија. Почитувани, Цените на прехранбените производи се зголемени за близу 30% заклучно со септември, а кај поедини производи зголемувањето надминува и 50%. Власта поради високите цени прибира огромни средства од ДДВ и истите ги троши за купување октоподи, бифтеци и златен прибор. Со предлог законот на ВМРО ДПМНЕ секој викенд додека трае прогласената кризна состојба, односно до 30 април, бараме да биде викенд без ДДВ за прехранбени производи. Владата може и мора да се откаже од неколку милиони евра кои значително ќе им помогнат на граѓаните да се прехранат. Во текот на вчерашниот ден слушнавме дека мерките што ги најавија за време на викендот, својот ефект ќе го достигнеле во јануари идната година. Предолго е, нема време за чекање, мора да се делува сега и веднаш. Со нашиот предлог закон намалувањето на прехранбените производи ќе биде за 5% уште од овој викенд. Кога сме на тема ДДВ сакам да информирам дека ќе побараме дополнување и во законот за ДДВ со кое ќе ги ослободиме од данок дрвата за огрев и пелетите. Над 300 илјади домаќинства се греат на овој начин, а цените пораснаа речиси двојно. Останува прашањето зошто државното јавно претпријатие Македонски шуми дозволи вакво поскапување? Почитувани, Според предкризни податоци, над 20% е стапката на сиромаштија во Македонија. Со овие стапки на инфлација, кои е прашање кога ќе се намалат, овој процент драстично расте. Се намалува животниот стандард, граѓаните ги рационализираат своите трошења, а Димитар Ковачевски прави стенд ап низ Македонија. Интегрален текст од изјава за медиуми, Дафина Стојаноска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ Со почит, Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан