Стојановски по победата над Казахстан: Не игравме блескаво во второто полувреме, но имавме контрола
- Одигравме две сосема различни полувремиња. По мечот со Белгија, кој беше исклучително интензивен, беше јасно дека не можеме да го одржиме истото темпо, изјави на прес-конференција Роберт Стојановски, кој ја водеше Македонија на натпреварот против Казахстан (0:1) поради суспензијата на селекторот Благоја Милевски.
Астана, 9 јуни 2025 (МИА) - Одигравме две сосема различни полувремиња. По мечот со Белгија, кој беше исклучително интензивен, беше јасно дека не можеме да го одржиме истото темпо, изјави на прес-конференција Роберт Стојановски, кој ја водеше Македонија на натпреварот против Казахстан (0:1) поради суспензијата на селекторот Благоја Милевски.
На полувремето, вели тој, било договорено фудбалерите да бидат повнимателни и да ја сочуваат енергијата до крајот
- Не секогаш добрата игра носи победа – најдобар пример сме ние против Белгија или Велс. Можеби не игравме блескаво во второто полувреме, но имавме контрола. Знаевме точно каде е најголемата опасност од противникот и успеавме да ја неутрализираме, додаде Стојановски. дс
Фото: Принтскрин