• понеделник, 23 декември 2024

Стопанската комора ќе одбележи 100 години коморско работење

Стопанската комора ќе одбележи 100 години коморско работење
Скопје, 14 јули 2022 (МИА) - Со презентација на „Декларацијата за општествен консензус за економски реформи, политики, мерки“ од страна на претседателот Бранко Азески, Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе го одбележи 14 јули, денот кога во 1922 година е формирана првата коморска организација на нашата територија. Воедно ќе бидат поделени и првите примероци од Монографијата за личностите и настаните од македонскиот бизнис кои ги одбележаа последните 25 години од 100 години коморско работење. -Средствата првично планирани за прославата по повод 100-годишнината ќе бидат уплатени на сметката на Фондот наменет за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите при Комората во кои партиципираат и Владата и Хелветас Швајцарска Интеркооперација, по што ќе се даде пример и за приоритетите на нашето дејствување во наредниот период, информираат од Стопанската комора.вј/мд/

Остани поврзан