• понеделник, 23 декември 2024

Столтенберг: НАТО ќе испорача медицинска помош на сојузниците кои се најзагрозени од вирусот

Столтенберг: НАТО ќе испорача медицинска помош на сојузниците кои се најзагрозени од вирусот
Брисел, 1 април 2020 (МИА) - НАТО ќе ја забрза испораката на медицинска помош на сојузниците кои се најмногу погодени од вирусот, но мора да се фокусира на одбрана на Европа, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Министрите за надворешни работи на НАТО утре ќе разговараат за мерките за помош, преку видео-конференција , прва откако земји како што се Турција и Чешка започнаа да испорачуваат залихи за Италија и Шпанија. - Ние ја мобилизираме поддршката на сојузниците со слободен капацитет да им помогнеме на оние кои имаат очајна потреба, рече Столтенберг во интервју за Ројтерс. Тој додаде дека турски авион денеска ќе испорача медицинска опрема за Шпанија и Италија. паг/

Остани поврзан