• сабота, 27 јули 2024

Стоилковска експресно до второто коло на фјучрс во Египет

Стоилковска експресно до второто коло на фјучрс во Египет

Шарм Ел Шеик, 6 декември 2023 (МИА) - Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Шарм Ел Шеик. Таа денес ја совлада квалификантката Нина Рудикова од Русија со 2:0, по сетови 6:1 и 6:0 за 51 минута. 

Стоилковска истата ривалка ја победи и претходната недела на фјучрс во Египет, но тој меч се играше во три сета и беше решен во тај брејк.

Интересно е тоа што првиот гем во мечот го освои Рудикова и поведе со 1:0, но потоа следуваше серија на Стоилковска од 12.

Македонската тенисерка имаше реализација 6/9 на брејк топки, а во вкупниот број поени скорот беше 51:16.

Во следното коло Стоилковска ќе игра против четвртата носителка Романката Карола Патриција Беженару, која во првото коло со 2:0 (6:0 и 6:1) ја совлада квалификантката Шанел Јансен од Холандија. зс/

Остани поврзан