• понеделник, 23 декември 2024

Стејт Департмент: Странски сили не се мешаат во изборите во САД

Стејт Департмент: Странски сили не се мешаат во изборите во САД
Вашингтон, 3 ноември 2020 (МИА) - Вршителот на должноста американски секретар за внатрешна безбедност Чад Волф изјави денеска дека нема докази дека надворешен фактор ги компромитирал тековните избори во САД. Пораката пристигна непосредно пред почетокот на гласањето, со што се отстрани загриженоста странските служби да се мешаат во изборите. - Нема индикации дека надворешен фактор учествувал на кој било начин во изборниот процес, ниту дека можел да манипулира со гласовите на кој било начин, рече Волф. Повеќе од 90 милиони Американци веќе гласаа по пошта, а денеска на овој начин се очекува да гласаат уште неколку милиони. Како што пренесуваат американските медиуми, загриженоста дека странските сили можат да го одредат резултатот од претседателските избори се јави уште во 2016 година, кога наводно руски хакери насочиле десетици илјади гласови наменети за Хилари Клинтон кон Доналд Трамп. Иако американската Влада и приватните компании за кибер-безбедност неодамна предупредија дека Русија, Кина и Иран можат да се мешаат во изборите, овојпат нема слично сценарио како во 2016 година. паг/      

Остани поврзан