• вторник, 26 ноември 2024

Стефоска: Бугарското општество мора, како и секое друго, самото да се справува со темните страни од своето минато

Стефоска: Бугарското општество мора, како и секое друго, самото да се справува со темните страни од своето минато
Скопје, 26 ноември 2020 (МИА) - Убедена сум дека премиерот сака буквално да ја истурка земјата да оди напред, но и покрај сите негови напори тој не може да и помогне на нашата сосетка Бугарија, бидејќи бугарското општество мора, како и секое друго, самото да се справува со темните страни од своето минато, изјави денеска министерката за култура Ирена Стефоска, во однос на вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев. Има мнигу примери, посочи таа, како тоа се случувало и како се работи на справување со минатото, како што пред педесет години германскиот канцелар Вили Брант при посетата на Полска клекна пред споменикот на хероите и на тој начин побара прошка и се извини за злосторствата на нацистите во Втората светска војна и така го отвори патот на процесот на простување. - Од друга страна, во секоја национална историја има разни страни - темни и светли, и секој си е одговорен за соочување и справување со сопственото минато. Но, тоа не може да биде пречка, услов за нашите евроинтеграции, изјави Стефоска. Ако услов за нашите евроинетргации се историјата или идентитетски прашања, укажа таа, тогаш немаше да постопи Европската Унија. - Билатерални спорови од секаква природа имало меѓу земјите членки на ЕУ. Убедена сум дека со поддршка на нашите пријатели од Брисел, процесот на нашето интегрирање ќе продолжи и понатаму, изјави Стефоска. аа/сп/ https://youtu.be/JxXF5wBUdPY?t=1075

Остани поврзан