• петок, 05 декември 2025

Стефковски: Четири нови детски градинки во општина Гази Баба, децата на прво место

Стефковски: Четири нови детски градинки во општина Гази Баба, децата на прво место

Скопје, 3 октомври 2025  

Се обврзуваме, децата на прво место! Ние не ветуваме, ние реализираме! Во новиот мандат, се обврзуваме на нешто што значи многу за секое семејство – нови, безбедни и современи детски градинки за нашите најмали!,  стои во соопштението на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Гази Баба Бобан Стефковски, што МИА го пренесува интегрално.

Ќе изградиме 4 нови детски градинки во:

-Керамидница

-Хиподром 2

-Сингелиќ

-Маџари

А веќе во првиот мандат, градиме 2 нови градинки во:

-Трубарево

-Инџиково

Градинките не се само простор – тие се темел на еднаква шанса за секое дете. Тука се поставуваат првите знаења, се развиваат социјални вештини, и секое дете добива грижа и љубов додека родителите мирно го градат својот ден.

Јас сум твојот човек во општината!

Заедно, правиме промени што се гледаат – со дела, не само со зборови.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан