• понеделник, 23 декември 2024

Стефановска Сековска - МакГауан: Постојат можности за влез на поголем австралиски капитал во Северна Македонија

Стефановска Сековска - МакГауан: Постојат можности за влез на поголем австралиски капитал во Северна Македонија
Скопје, 16 ноември 2022 (МИА) - Амбасадорката Билјана Стефановска-Сековска во рамките на својата работна посета на федералната австралиска држава Западна Австралија, покрај бројните билатерални средби беше примена и од премиерот на Владата на Западна Австралија Марк МакГауан при што разговарале за можностите за унапредување на политичката и економска соработка. На средбата на која беше придружувана од почесниот македонски конзул Зоран Ќосески заедно со претстедателот на Македонско-западноавстрслиската стопанска комора Крис Вржовски, заеднички е констатирано дека досегашниот пример на политички и бизнис контакти на австралиските фирми со македонското стопанство е добар почеток за натамошен развој и влегување на поголем австралиски капитал во Северна Македонија. Амбасадорката Стефановска-Сековска и премиерот МакГауан разговараа и за културниот развој на македонската заедница во Австралија и во тие рамки и зачувувањето на јазичниот и културниот идентитет во мултикултурна Австралија, како и за интензивирање на севкупните политичи и економски односи помеѓу Северна Македонија и Австралија. вг/са/

Остани поврзан