• петок, 22 ноември 2024

Стефани Гришам заминува од функцијата портпарол на Белата куќа

Стефани Гришам заминува од функцијата портпарол на Белата куќа
Вашингтон, 7 април 2020 (МИА) - Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам повеќе нема да ја извршуваа таа функција, туку ќе работи како шеф на кабинетот на првата дама на САД, Меланија Трамп. Таа на местото портпаролка на Белата куќа е поставена во април минатата година, каде ја замени Сара Сандерс, а интересно е што оттогаш нема одржано ниту една прес-конференција. Новиот шеф на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Марк Мидоуз е задолжен да именува нов портпарол на Белата куќа, а меѓу најсериозните кандидати се портпаролката на Министерството за одбрана, Алиша фара и портпаролката на кампањата на шефот на државата, Кајли Мекинани. гт/

Остани поврзан