• понеделник, 23 декември 2024

Статуа на убиениот ирански генерал поставена во близина на либанско-израелската граница

Статуа на убиениот ирански генерал поставена во близина на либанско-израелската граница
Ерусалим, 16 февруари 2020 (МИА) - Огромна статуа на иранскиот командант Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски воздушен напад во јануари, е поставена во јужен Либан, во близина на границата со Израел. Статуата на командантот на елитната единица Кудс во селото Марун ал Рас ја поставија членови на шиитската екстремистичка организација Хезболах која има поддршка од Иран. Таа е на врвот на споменикот направен да биде дел од таканаречениот „музеј на отпорот“. Фигурата на Сулејмани со рака покажува кон израелска територија, што се смета за алузија на планот на Хезболах за преземање на контролата врз северниот израелски регион Галилеја и клучната улога на единицата Кудс во подготовката на организацијата за потенцијален конфликт со еврејската држава, јавуваат израелските медиуми. Сулејмани командуваше со единицата Кудс на Иранската исламска револуционерна гарда и ги надгледуваше иранските воени операции во Ирак и Сирија. Тој и уште осум други луѓе беа убиени на 3 јануари во напад со дрон во близина на меѓународниот аеродром во Бадгад. јт/

Остани поврзан