• вторник, 14 мај 2024

Стартна победа над Данска за македонските кошаркари во европските претквалификации

Стартна победа над Данска за македонските кошаркари во европските претквалификации
Нествед, 25 август 2022 (МИА) – Македонската машка кошаркарска репрезентација со победа ги отвори претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2025, откако вечерва во неизвесен натпревар триумфираше на гостински терен против Данска со 73-70 (34-29). Избраниците на селекторот Александар Јончевски беа во резултатска негатива по првата четвртина (14-18), но го кренаа нивото на игра во втората четвртина која ја решија во своја корист со 20-11 и заминаа на полувреме со предност од пет поени. Предноста на македонските кошаркари се стопи во третата четвртина и натпреварот влезе во неизвесна завршница во која „црвено – жолтите“ дојдоа до важна победа на гостински терен со „тројка“ од половина терен на Ненад Димитријевиќ, кој со 26 поени беше најефикасен во македонските редови. Претходно вечерва во премиерниот натпревар во групата Д, Норвешка како гостин ја совлада Словачка со 87-68. Во рамки на второто коло Северна Македонија в недела во Скопје ја пречекува Словачка. ег/мд/

Остани поврзан