• недела, 22 декември 2024

Стартен пораз на македонските кошаркари во олимписките претквалификации

Стартен пораз на македонските кошаркари во олимписките претквалификации

Талин, 12 август 2023 (МИА) – Македонската машка кошаркарска репрезентација со пораз ги почна олимписките претквалификации, откако вечерва загуби од Израел со 65-86.

Во воведниот натпревар на претквалификацискиот олимписки турнир што денеска почна во Талин, македонскиот состав од самиот почеток беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше девет поени (38-47).

Израел ги реши дилемите околу победникот во третата четвртина која македонските кошаркари ја загубија со 13-25, а Израел до крајот извојува убедлива победа,

Најефикасен во македонските редови беше Ти Џеј Шортс со 22 поени.

Во истиот термин од 18 часот утре во Арената „Тондираба“ противник на македонските кошаркари ќе биде домаќинот Естонија.

По ден пауза, во вторник од 16. часот, „црвено-жолтите“ ќе играат против репрезентацијата на Чешка, која претходно денеска го совлада домаќинот Естонија со 77-74.

Пласман во полуфиналната фаза од турнирот во Талин ќе обезбедат двете најдобро пласирани репрезентации, кои ќе вкрстат со двете најдобри селекции од групата во Полска во која покрај домаќинот се и Полска, БиХ, Унгарија и Португалија.

Пласман во квалификациите за ОИ 2024 во Париз ќе обезбеди само најдобрата од овие осум репрезентации, кои се дел од европската зона. ег

Фото: КФСМ

Остани поврзан