• понеделник, 23 декември 2024

Стано: Транспортните врски меѓу градовите се за просперитет на луѓето

Стано: Транспортните врски меѓу градовите се за просперитет на луѓето
Брисел, 21 јануари 2020 (МИА) - Европската унија го поздрави потпишувањето на писмото со намери за повторно воспоставување на авионската линија Белград - Приштина. - ЕУ ги поддржува сите мерки и активности што придонесуваат за олеснување на движењето и комуникацијата меѓу луѓето во Србија и Косово. Тоа е еден од начините за нормализирање на односите и унапредување на регионалната соработка, изјави за Танјуг портпаролот на ЕУ, Питер Стано. Тој потенцира дека транспортните „врски меѓу градовите“ ги зајакнуваат контактите меѓу луѓето. - Овозможува подобра комуникација, како и туризам и бизнис, заклучува Стано. гт/

Остани поврзан