• петок, 05 декември 2025

Стаменкова ги повика граѓаните на Македонска Каменица да гласаат со срце за број 5

Стаменкова ги повика граѓаните на Македонска Каменица да гласаат со срце за број 5

Македонска Каменица, 17 октомври 2025 (МИА) – Кандидатката за градоначалник на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, ги повика граѓаните да излезат на изборите во недела и да го заокружат бројот 5, нагласувајќи дека политиката може да биде чесна, човечна и исполнета со љубов кон својот град.

-Не ветував чуда, туку работа, искреност и постојаност – како што отсекогаш сум го правела. Верувам во секој еден од вас. Во вредните луѓе што го сакаат својот дом, во младите што сакаат шанса, во постарите што неуморно советуваат, напиша Стаменкова во својата завршна објава.

Таа ги повика сограѓаните да гласаат со срце и вера и да покажат дека добрината и трудот победуваат.

-На ливчето - број 5. Да продолжиме заедно, со иста сила и иста љубов. Се бориме за нашиот дом — тоа е нашата сила и нашата победа, додаде Стаменкова.вс/ар
Фото:Кандидат Соња Стаменкова

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан