Стабс: Австралија Опен ќе биде последен Грен слем за Ѓоковиќ
- Неколку дена по завршувањето на Вимблдон, случувањата околу Новак Ѓоковиќ го привлекуваат вниманието
Лондон, 15.јули 2025 (МИА) - Неколку дена по завршувањето на Вимблдон, случувањата околу Новак Ѓоковиќ го привлекуваат вниманието. По полуфиналниот пораз од Јаник Синер, српскиот тенисер изјави дека планира уште еднаш да биде дел од турнирот и да се појави на Централниот терен.
- Мислам дека некако навести дека негов последен Грен слем турнир ќе биде Австралија опен. Таму ги имаше најголемите успеси, ќе се обиде уште еднаш да освои Грен слем турнир и да стигне до 25.тиот Грен слем трофеј, изјави Рене Стабс поранешната шампионка во конкуренција на двојки.
Таа е убеделна дека токму првиот Грен слем турнир во годината во Мелбурн ќе биде и последниот за Ѓоковиќ. мн/
Фото: ЕПА