• недела, 22 декември 2024

ССМ: Исплатени трите заостанати плати во Водостопанство Скопје

ССМ: Исплатени трите заостанати плати во Водостопанство Скопје
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Исплатени се трите заостанати плати во Водостопанство во државна сопственост Скопје, како резултат на синдикалните активности, информираше денеска Сојузот на синдикатите на Македонија. -Активностите на АГРО Синдикатот и Сојузот на синдикатите на Македонија дадоа конкретни резултати и во петокот на вработените во АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје им беше исплатена една од трите заостанатите плати , а во текот на денешниот ден им се исплатени уште две заостанати плати, неведе во соопштение ССМ. Оттаму дополнуваат дека работниците и членовите на синдикалната подружница во АД Водостопанство на РСМ, заедно со АГРО Синдикатот и ССМ, по неколку месечната борба со раководството на АД Водостопанство и претставниците на Владата, обезбедиле исплатата на заостанатите плати на работниците да се случи на крајот на минатата и почетокот на оваа недела. На исплатата, потсетува ССМ, претходеше и подготовката на штрајк во претпријатието по завршување на сите законски рокови кои истекоа минатата недела за почнување на штрајкот и кој ќе се случеше доколку раководството и Владата не ја разбереа јасната заедничка порака на работниците и ако не ги исплатеа заостанатите плати на вработените. -Борбата на синдикатот не запира овде. На АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје му е потребна промена во однос на усогласување на платите со Законот за минимална плата и надминување на другите внатрешни отворени проблеми со кои ќе се овозможи одржливо функционирање на Акционерското друштво во иднина, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија. лв/дма/

Остани поврзан