• среда, 27 ноември 2024

Средби на високиот комесар Абракхманов и амбасадорот Која во Агенцијата за остварување на правата на заедниците

Средби на високиот комесар Абракхманов и амбасадорот Која во Агенцијата за остварување на правата на заедниците
Скопје, 18 јануари 2022 (МИА) - Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Каират Абракхманов и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клемен Која, денеска беа во официјална посета на Агенцијата за остварување на правата на заедниците. На средбата со директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците,  Еран Куртиш и со дел од вработените, Абракхманов и Која разговарале за проблемите и придизвиците со кои се соочува АОПЗ, како и за плодната соработката на Агенцијата со Мисијата на ОБСЕ во Скопје која трае веќе неколку години.                                   Високиот комесар ја истакнал значајната улога што ја има Агенцијата во однос на припадниците на заедниците и потребата за унапредувањето на правата на заедниците кои живеат во Р.Северна Македонија. На средбата било потенцирано дека Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи да биде силна подршка на Агенцијата за остварување на правата на заедниците. цр/мч/

Тагови

Остани поврзан