Средба на Стоилковиќ со неговиот српски колега Бериша: Продлабочување на соработката и унапредување на институционалниот дијалог меѓу двете земји
- Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со министерот за човекови и малцински права и општествен дијалог на Република Србија, Демо Бериша, на која беше изразена заедничка определба за продлабочување на меѓусебната соработка и унапредување на институционалниот дијалог меѓу двете земји.
Скопје, 17 декември 2025 (МИА) – Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со министерот за човекови и малцински права и општествен дијалог на Република Србија, Демо Бериша, на која беше изразена заедничка определба за продлабочување на меѓусебната соработка и унапредување на институционалниот дијалог меѓу двете земји.
Како што информираат од Министерството за односи меѓу заедниците, во текот на средбата, соговорниците размениле искуства и добри практики во креирањето и спроведување на јавни политики насочени кон заштита и унапредување на правата на заедниците, со посебен акцент на инклузијата, еднаквите можности и општествената кохезија.
– Беше истакната и потребата од интензивирање на соработката меѓу надлежните институции, како и од воспоставување поцврсти механизми за размена на информации и експертска поддршка, стои во соопштението.
Соговорниците, додаваат, ја потенцирале и улогата на регионалната соработка како клучен фактор за стабилност, развој и заемна доверба, при што изразиле подготвеност за понатамошно продлабочување на билатералните односи преку редовна комуникација и конкретни заеднички активности.
– Средбата беше оценета како конструктивна и значајна, со јасна заедничка визија за унапредување на партнерството меѓу РС Македонија и Р Србија во духот на добрососедство и меѓусебно почитување, се наведува во соопштението. ра/паг/
Фото: Министерство за односи меѓу заедниците