• петок, 05 декември 2025

Средба на собраниска делегација со делегација од БиХ на Форумот во Мароко

Средба на собраниска делегација со делегација од БиХ на Форумот во Мароко

Скопје, 27 мај 2025 (МИА) - Во рамките на Економскиот парламентарен форум во Маракеш, Мароко, пратениците Сали Мурати, Дафина Стојановска, Калтрина Бекири и заменик генералниот секретар на Собранието, Ибиш Јусуфи, остварија исклучително искрена и пријателска билатерална средба со шефот на Делегацијата на Парламентарното собрание на Медитеранот од Босна и Херцеговина, Рејхана Дервишновиќ и претставници на Собранието.

На средба, како што соопшти собраниката прес-служба, било нагласено дека Северна Македонија и Босна и Херцеговина од денот кога ја стекнаа својата независност, како во сите области, така и меѓу двете Собранија, се одржуваат пријателски и братски односи.

-Беше потенцирана подготвеноста во сите прашања да ја пренесеме и зацврстиме на повисоко ниво нашата позиција и нашето длабоко пријателство што го достигнавме во билатералните односи, на меѓународните платформи, во споделувањето искуства и во работата на Собранијата, се наведува во соопштението.

На средбата било заклучено дека двете Собранија имаат голема одговорност во преземањето важни чекори во прашањата на единството, целосноста, суверенитетот, стабилноста, процесите за кандидатурата за Европската Унија, владеењето на правото и економската благосостојба на двете земји. дма/сст/

 

Фото: Собрание на РСМ

Остани поврзан