Средба на Сиљановска – Давкова со претседателот на Латвија Ринкевичс
- Претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова, денеска на маргините на Самитот на НАТО во Хаг, оствари средба со претседателот на Република Латвија Едгарс Ринкевичс со којшто заеднички изразија задоволство од развојот на билатералните односи на двете држави.
Скопје, 25 јуни 2025 (МИА) – Претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова, денеска, на маргините на Самитот на НАТО во Хаг, оствари средба со претседателот на Република Латвија Едгарс Ринкевичс со којшто заеднички изразија задоволство од развојот на билатералните односи на двете држави.
Од Кабинетот на претседателката информираат дека на средбата бил нагласен тридеценискиот дипломатски однос помеѓу двете држави, којшто, како што стои во соопштението, се карактеризира со отворен и интензивен политички дијалог.
– Претседателот Ринкевичс ѝ упати покана на Сиљановска-Давкова и официјално да ја посети Латвија. Претседателката истакна дека Латвија е наш значаен партнер во НАТО и во Обединетите Нации и додаде дека ја цени принципиелната и доследна поддршка кон државава, како за време на процесот на пристапувањето во НАТО, така и во однос на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ, стои во соопштението.

Претседателот Ринкевичс, додаваат, ги поздравил спроведените реформи на земјава како услов за влез во Европската унија и ја потврдил поддршката за македонската евроинтеграција, потенцирајќи дека Латвија се залага за проширување на Унијата со нови членки. ра/ев/
Фото: Кабинет на претседателот на Република Северна Македонија