• понеделник, 23 декември 2024

Средба на претседателот Пендаровски со евроамбасадорот Гир и заменик-амбасадорот на делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау

Средба на претседателот Пендаровски со евроамбасадорот Гир и заменик-амбасадорот на делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау

Скопје, 7 септември 2023 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ги примил шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, и новиот заменик-амбасадор на делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау.

-На средбата се разговараше за актуелните состојби поврзани со европските аспирации на нашата држава, за реформскиот напредок, како и за политичките состојби во земјава и во регионот. Соговорниците разменија мислења и информации за текот на пристапните преговори и скрининг процесот, како и за следните чекори коишто треба да ги преземе Северна Македонија со цел да напредува во ЕУ интеграцискиот процес, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Притоа претседателот Пендаровски, како што се наведува, истакнал дека „европската агенда зависи од нас, како и реализацијата на обврските што треба да се исполнат“. хс/са/

Фото: Кабинет на Претседател на Република Северна Македонија 

 

Остани поврзан