• петок, 22 ноември 2024

Средба на Пендаровски со Копман и Матуела од Генералниот директорат на ЕК за соседство и преговори за проширување

Средба на Пендаровски со Копман и Матуела од Генералниот директорат на ЕК за соседство и преговори за проширување

Скопје, 18 мај 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска остварил средба со Герт Јан Копман, генералниот директор и Микела Матуела, вршителка на должност директорка за Западен Балкан на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија.

Како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговараше за актуелните состојби во државата, за текот на скрининг процесот, за односите со соседството и регионот на Западен Балкан во контекст на евроинтеграциите, како и за процесот на проширување на Европската Унија.

Соговорниците размениле мислења и информации и за состојбите и перспективите на земјите во регионот, во поширокиот геополитички и безбедносен контекст, предизвикан од војната во Украина.

Претседателот Пендаровски, изразувајќи благодарност за контиунираната поддршка од Европската Комисија за македонските евроинтеграции, ја истакна потребата од забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан која позитивно ќе влијае врз безбедноста, севкупните политички процеси и реформската агенда, како и врз евро-оптимизмот во регионот.фф/лв/

Фото: Кабинет на Претседателот на Република Северна Македонија

 

Остани поврзан