• понеделник, 23 декември 2024

Средба на Пендаровски со Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците

Средба на Пендаровски со Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците

Скопје, 8 февруари 2022 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски го прими Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците.

Како што информира Кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговараше за положбата на припадниците на турската етничка заедница во државата и за нивните заложби и придонес за развојот и напредокот на Република Северна Македонија.

- Припадниците на турската етничка заедница во Северна Македонија, заедно со другите етнички заедници, даваат активен придонес за градење рамноправно, стабилно и просперитетно општество. На средбата стана збор и за односите со Република Турција, која е долгогодишен пријател и стратешки партнер на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението. хс/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан