• недела, 22 декември 2024

Средба на министерот Филков со еврокомесарот Дидие Рејндерс

Средба на министерот Филков со еврокомесарот Дидие Рејндерс

Скопје, 28 октомври 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков остварил билатерална средба со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на маргините на министерскиот форум ЕУ - Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржува во Будва.

-Беше  изразена благодарност за напорите на Европската Унија за континуираната поддршка во процесот на пристапување и реформите. На средбата се разговараше за владеењето на правото, законодавната агенда и планираните реформи во правосудството кои се содржани во Развојната секторска стратегијата за правосудство ( 2024-2028), информира Министерството за правда. 

Како особено значајна била посочена дигитализацијата која, како што наведува Министерството во соопштението, „треба да овозможи напредок и побрз, потранспарентен и поефикасен начин на функционирање кој значително ќе придонесе за развој на општеството“. хс/са/

Фото: Министерство за правда 

 

 

 


 

 

Остани поврзан