• понеделник, 23 декември 2024

Средба на министерот Тупанчески со црногорската амбасадорка Петровиќ

Средба на министерот Тупанчески со црногорската амбасадорка Петровиќ

Скопје, 12 септември 2022 (МИА)Министерот за правда Никола Тупанчески оствари средба со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, на која разговараа за билатералните односи на двете држави и реформите во судството.

-Министерот Тупанчески ја информираше амбасадорката Петровиќ за законодавната агенда, подготовката на нов Кривичен законик. Закон за кривична постпка, Закон за помилување, како и за пакетот закони со кои се зголемуваат платите за 15 отсто во судската и јавнообвинителската дејност, соопшти Министерството за правда.

Амбасадорката Петровиќ, како што се наведува во соопштението, изрази задоволство од досегашниот дијалог на двете држави истакнувајќи дека нема отворени прашања и оти  се надева дека соработката ќе продолжи. хс/лв/

Остани поврзан