• понеделник, 23 декември 2024

Средба на министерот Муртезани со постојаната координаторка на ОН, Колумбиа

Средба на министерот Муртезани со постојаната координаторка на ОН, Колумбиа

Скопје, 14 ноември 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска остварил средба со постојаната координаторка на Обидинетите нации во Северна Макеоднија, Рита Колумбиа, на која била реафирмирана повеќе од дводецениската блиска соработка помеѓу Северна Македонија и агенциите на ОН во земјата.

Како што соопштија од Министерството за европски прашања, Муртезани упатил благодарност за партнерството кое го поддржува патот на земјата кон ЕУ интеграција и инклузивен развој, имајќи предвид дека иницијативите на ОН се тесно усогласени со реформските цели на Северна Македонија.

- Министерот Муртезани, исто така, ја истакна улогата на агенциите на ОН, особено UNOPS и UNDP, во справувањето со значајни предизвици и во унапредувањето на клучни проекти финансирани од меѓународни партнери. Тој подвлече дека нивното учество во работните групи предводени од Владата го зајакна координирањето на донаторите, осигурувајќи ефикасна употреба на ресурсите за поддршка на приоритетите на Северна Македонија за ЕУ интеграција, се вели во соопштението.

Муртезани и  Колумбиа на средбата се осврнале и на стратешките приоритети на ОН во Северна Македонија, дефинирани во Рамката за одржлива развојна соработка 2021-2025, кои ги опфаќаат одржливиот и инклузивен економски и социјален развој, климатските промени, управувањето со природните ресурси и ризици од катастрофи, како и транспарентното и отчетно демократско управување. цр/са/

Фото: Министерство за европски прашања

Остани поврзан