• петок, 22 ноември 2024

Средба на директорите на Царинска управа и Управа за јавни приходи – главен фокус интеграција на системите на двете институции

Средба на директорите на Царинска управа и Управа за јавни приходи  – главен фокус интеграција на системите на двете институции

Скопје, 6 август 2024 (МИА) – Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова, денеска одржаа состанок на кој беше истакната потребата од поголема координација, размена на податоци и поврзување на системите меѓу двете институции, сѐ со цел сузбивање на сивата економија, соопштуваат од Царинската управа.

Во соопштението се наведува дека двете институции работат на унапредување на условите за водење бизнис, како и на жестока борба против сивата економија, фокусирајќи се на понатамошна интеграција на системите на Царинската управа со системите на Управата за јавни приходи.

– Фирмите кои работат во рамките на неформалната економија стравуваат да влезат во радарот на царинските и даночните служби, а наша задача е да ги сузбиеме ваквите појави. На овој начин овозможуваме подобри услови за фер конкуренција, поголеми инвестиции во производство и крајно повеќе приходи во Буџетот, истакна директорот на Царинска управа, Николовски. ра/са/

Фото: Царинска управа

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан