Србљак избори финале во квалификациите на турнир во Србија
- Македонскиот тенисер Горазд Србљак успеа да постигне две победи во квалификациите на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања и со тоа утре во финалето ќе се бори за пласман на главниот турнир.
Куршумлијска Бања, 7.јули 2025 (МИА) - Македонскиот тенисер Горазд Србљак успеа да постигне две победи во квалификациите на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања и со тоа утре во финалето ќе се бори за пласман на главниот турнир.
Тој денеска во второто коло го солада домашниот тенисер Србинот Астро Пилиповиќ со 2-1 во сетови (6:2, 4:6, 10-2 на поени). Србљак претходно забележа победа во стартното квалификациско коло над Аргентинецот Валентин Гуадањо со 2-0 во сетови (6:3, 6:3).
За пласман на главниот турнир македонскиот тенисер ќе игра против првиот носител во квалификациите Аристарих Сафонов. мн/
Фото: МТФ