• сабота, 16 ноември 2024

Србија ја повика Светската туристичка организација да го подржи проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“

Србија ја повика Светската туристичка организација да го подржи проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“
Белград, 21 септември 2022 (МИА) - Министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ, во пресрет на 6. Глобална конференција на Светската туристичка организација за вински туризам, во италијанскиот град Алба, го повика генералниот секретар на Светската туристичка организација (UNWTO) Зураб Пололикашвили, да го подржи проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од нејзиното Министерство, Матиќ на средбата со Пололикашвили го претстави регионалниот проект „Винските патишта на Отворен Балкан“, како и првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ што се одржа во Белград и ја покани Светската туристичка организација да ја поддржи оваа иницијатива, нагласувајќи ја нејзината важност не само за Балканот, но и за цела Европа. - Препознавајќи ги винските патишта како иднина на туризмот, проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“ ќе им помогне на Албанија, Северна Македонија и Србија понатаму да ги развиваат лозарството и винските сектори и заеднички да го позиционираат регионот на Западен Балкан на европската и светската мапа за вински туризам како дестинација што мора да се види. Затоа поддршката на Светската туристичка организација би била од големо значење за развојот на овој регионален проект, порача Матиќ. Генералниот секретар на Светската туристичка организација Пололикашвили го поздрави активирањето на иницијативата „Винските патишта на Отворен Балкан“ и ја истакна важноста на гастрономијата, културниот туризам, руралниот туризам, телекомуникациите во туризмот, реката Дунав, како и вклучувањето на повеќе земји во иницијативата. Пололикашвили ја истакна важноста на образованието во туризмот и ја покани Србија да се приклучи на онлајн платформата на Академијата Светската туристичка организациј, која промовира конкурентност во туристичкиот сектор и ѝ помага на работната сила на глобалната индустрија полесно да пристапи до локалните и меѓународните можности за вработување. Во соопштенеито се наведува и дека Матиќ се сретнала со заменик министерката за туризам на Бугарија, Мариела Модева, на која и го претстави проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“. На средбата Матиќ оцени дека вклучувањето на другите земји од регионот, меѓу кои и Бугарија, во иницијативата „Вински патишта на Отворен Балкан“ ќе придонесе за подобра економска состојба и зголемување на туризмот во целиот регион и посочи дека постои интерес за заедничко аплицирање за ИПА програмите на ЕУ во областа на туризмот. об/ми/

Остани поврзан