• петок, 22 ноември 2024

Спротивставени изјави за ситуацијата во Гвинeја

Спротивставени изјави за ситуацијата во Гвинeја
Конакри, 5 септември 2021 (МИА) - Побунетите припадници на армијата на Гвинеја во краткото обраќање на државната телевизија изјавија дека го суспендираа Уставот и ја распуштија Владата. Но, Министерството за одбрана соопшти дека нападот врз претседателската палата е одбиен. Во близина на претседателската палата во Конакри утрово имаше престрелка, а според неименувани извори зад немирите стои елитната воена единица, предводена од поранешниот француски легионар Мамади Думбија. На социјалните мрежи се појавија видео-снимки, чија автенточнопст се уште не е потврдена, се гледа како претседателот Алфа Конде е опкружен од припадниците на специјалните воени сили. Но, гвинејското Министерство за одбрана соопшти дека обидот за бунт е задушен.   - Претседателската стража, поддржана од одбранбените и безбедносните сили го одбиja нападот... продолжуваат безбедносните операции за воспоставување ред и мир, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана. Во октомври минатата година 83-годишниот Алфа Конде третпат победи на претседателските, кои беа обележани со насилни протести во кои беа убиени десетици луѓе. ми/

Остани поврзан