• петок, 15 ноември 2024

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика

Скопје, 6 февруари 2023 (МИА) - Согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој Закон се објавени на веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика. Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, како што соопшти МТСП, ќе бидат исплатени на 13-ти овој месец.

-На веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика се објавени корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, информираат од МТСП.На веб-страницата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија е објавен список на корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување, а на веб-страницата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија список на невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.-Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка. Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта mtsp@mtsp.gov.mk, велат од МТСП. Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб-страниците на Министерството за труд и социјална политика, на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, по истекот на три дена од денот на објавувањето. сст/лв/

Остани поврзан