• петок, 22 ноември 2024

Специјален тим ќе го истражува убиството на тинејџерка во Индија

Специјален тим ќе го истражува убиството на тинејџерка во Индија
Њу Делхи, 31 август 2022 (МИА) - Индиската полиција вчера формираше специјален истражен тим што ќе ги испитува околностите за смртта на тинејџерката која рече дека била запалена од човекот чија брачна понуда одбила. Некои хинду-групи бараат обвинетиот, инаку муслиман, да биде осуден на смрт. Мажот живеел во исто место како и жртвата, во областа Думка во источната држава Џарканд, пишува „Си-Ен-Ен“. Според полициското соопштение, на 23 август во куќата на младата жена додека таа спиела дошол маж и истурил керозин преку прозорецот и ја запалил. Во неделата тинејџерката им подлегна на здобиените изгореници. Светиот хундуистички совет или Вишва Хинду Паришад, соопшти дека мнозинството од хинду-заедницата во земјата ќе излезе на улица во знак на протест, доколку не се преземат соодветни мерки за расветлување на случајот и казнување на одговорните. Окружните власти го ограничија движењето на населението, за да спречат какви било немири по инцидентот. „Суровото убиство на Анкита го натера секој Индиец да ја наведне главата од срам. Треба да создадеме безбедна средина за жените во Индија“, напиша на твитер Рахул Ганди, лидерот на главната опозициска партија. аб/

Остани поврзан