• недела, 22 декември 2024

Спајиќ: Пописот на населението во Црна Гора одожен за 30 ноември

Спајиќ: Пописот на населението во Црна Гора одожен за 30 ноември

Подгорица, 31 октомври 2023 (МИА) – Новата црногорска владата денеска, меѓу првите свои одлуки, ја донесе таа за одложување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Црна Гора за 30 ноември, изјави новиот црногорски премиер Милојко Спајиќ, пренесе МИНА.

Тој на прес-конференција кажа дека нема да има дополнителни трошоци и дека доцнењето не претставува никаков проблем за буџетот и финансиите на државата.

-Во овој период ќе се потрудиме да ги исправиме сите недостатоци што можеме да ги видиме, пред се двата што најмногу се потенцираат, а еден од нив е немањето софтвер, рече Спајиќ.

Премиерот додаде дека, со својот матичен број, секој од граѓаните ќе може да провери што е внесено, за попишувачите да не можат да ја злоупотребат функцијата.

-На софтверот ќе почне да се работи многу брзо. Втора работа е додавањето на членови од опозицијата во пописните комисии, рече Спајиќ.

Црногорскиот премиер кажа и дека за што поуспешно спроведување на пописот ќе разговара со националните совети на помалку бројните народи и дека ќе се сретне со претставници на невладиниот сектор и други заинтересирани страни. сд/

Остани поврзан