Спасен коњ од напуштен објект во Дебар Маало, згрижен во ЗОО Скопје
- Екипи на ЗОО Скопје заедно со директорот Кристијан Стаменов, полиција и инспектор на АХВ спасија коњ, кој бил врзан и оставен без храна и вода во руиниран објект во скопско Дебар Маало.
Скопје, 23 мај 2022 (МИА) - Екипи на ЗОО Скопје заедно со директорот Кристијан Стаменов, полиција и инспектор на АХВ спасија коњ, кој бил врзан и оставен без храна и вода во руиниран објект во скопско Дебар Маало.
Како што соопштија денеска од МВР, коњот е пренесен и згрижен во Скопје ЗОО каде веднаш му е обезбедена ветеринарна грижа и соодветна нега.
- По пријава на граѓани вчеравечер до МВР дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштен објект, екипи на ЗОО Скопје заедно со директорот Кристијан Стаменов, полиција и инспектор на АХВ излегоа на терен и го спасија коњчето, кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода, се наведува во соопштението од МВР. цр/са/