• петок, 05 декември 2025

Спанулис не сака да зборува за настапот на Адетокумбо

Спанулис не сака да зборува за настапот на Адетокумбо

Атина, 15.август 2025 (МИА) - Кошаркарската репрезентација на Грција веќе одигра четири контролни натпревари за Евробаскетот, но на ниту еден не настапи нивниот прв играч. Ѕвездата на Грција и НБА тимот Милвоки Јанис Адетокумбо не игра поради недоразбирањето меѓу грчката федерација и НБА клубот околу осигурувањето на играчот.

Како се ближи почетокот на Европското првенство настапот на Адетокумбо е се понеизвесен, иако од грчката федерација сметаат дека нема никакви дилеми дека играчот ќе биде во ростерот. 

Често ситуацијата со крилниот играч е тема и за селекторот на Грција Василис Спанулис, кој на прашањата за настапот на играчот последниот пат кусо одговори дека Јанис ќе биде на располагање и дека се е според планот и од сабота почнува со тренинзи со тимот.     мн/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан