• вторник, 25 јуни 2024

Спалети по ремито со Хрватска: Очекувам повеќе од италијанските репрезентативци

Спалети по ремито со Хрватска: Очекувам повеќе од италијанските репрезентативци

Лајпциг, 25 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на италијанската репрезентација Лучијано Спалети ги сумираше впечатоците по синоќешниот натпреварот со Хрватска (1:1) во групната фаза на Евро 2024.

- Кога натпреварите се решаваат на овој начин, работите на крајот стануваат поинтересни. Никој повеќе не веруваше во ова, но играчите ризикуваа малку и останаа со чиста глава. Мораме да им честитаме на начинот на кој постапија. Во првото полувреме не одигравме на соодветно ниво. Однесување во кое размислувате за исходот без да верувате дека можете да победите. Очекувам повеќе од моите играчи. Имаме играчи кои се способни да играат на вакви натпревари. Но, ние правиме премногу тривијални грешки. Треба да направиме повеќе, изјави Спалети за „RAI Sport“.

Италија се спаси од пораз со голот на Матија Закањи во 90+8. минута.

Избраниците на Лучијано Спалети освоија четири бода и заедно со Шпанија (9) директно се пласираа во плејофот на ЕП 2024. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан